Потекло
Опрема од светска класа
Ги носиме брендовите што ги користат спортисти со кучиња, планинари и водичи низ Европа — опрема развиена со ветеринари и тестирана во тешки услови.

Техничка опрема за активни кучиња · Норвешки Квалитет
Технички градници, поводници, облека и обувки од светска класа — дизајнирани за вистинско движење, направени да траат со години. Избрани од луѓе што знаат, достапни конечно во Македонија.
Потекло
Ги носиме брендовите што ги користат спортисти со кучиња, планинари и водичи низ Европа — опрема развиена со ветеринари и тестирана во тешки услови.
Ергономија
Техничкиот градник не е моден додаток. Правилно го распределува товарот, го ослободува рамото и не жули — кучето трча, влече и пешачи природно.
Издржливост
Зајакнати шевови, квалитетни копчи и ткаенини што издржуваат дожд и сонце. Ова е опрема што се купува еднаш — не секоја сезона.
Сервис
Не ти продаваме „нешто“. Испрати ни две мерки од твоето куче и добиваш препорака за точен модел и точна големина — а првата замена на големина е бесплатна.
Зошто техничка опрема
Товарот оди на градите, не на вратот. Влечење без кашлање и без притисок на дишните патишта.
Рамото останува слободно. Полн чекор и природно движење — на кратка прошетка и на дваесет километри планина.
Ист материјал како врвна опрема за луѓе. Од градник до зимска јакна — еден квалитетен производ надживува пет евтини.
Како функционира
Без погодување и без ризик — три чекори, и твоето куче ја носи опремата што навистина му одговара.
Кажи ни ја расата и обемот на гради и врат — или само опиши што ти треба. Ако не знаеш како да измериш, те водиме чекор по чекор.
Конкретен модел и точна големина, обично истиот ден. Од Скопје си? Договараме пробување во живо пред да нарачаш.
Ја испраќаме опремата до твоја адреса. Ако големината не легне совршено, првата замена е бесплатна.
Кај техничката опрема, големината е половина од квалитетот. Испрати ни обем на гради и врат — и ти враќаме конкретна препорака, обично истиот ден. Од Скопје си? Договараме пробување во живо.
Пред да нарачаш
Не си сигурен кој модел одговара за твоето куче или како да ја измериш точната големина? Пиши ни — заедно ќе избереме.